Барние (лево) беше неочекуван избор на Макрон - Фотографија ЕПА, Лидовик Марин

Макрон ќе назначи нов премиер на Франција во наредните денови

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе назначи нов премиер во наредните денови, објавија од францускиот претседателски дворец, откако францускиот парламент вчера му го одби барањето одби на францускиот премиер Франсоа Бајру да гласа за доверба.

Бајру, кој побара гласање за доверба, ќе поднесе оставка утрово, соопшти кабинетот на премиерот за Ројтерс.

Францускиот премиер побара гласање за доверба пред две недели за да се потврди валидноста на неговиот буџетски план.

Како што објави Фигаро, 364 пратеници гласаа против, 194 за, додека 25 беа воздржани.

„Националното собрание не го одобри излагањето за општите насоки на политиката на владата. Премиерот мора да ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката“, изјави претседателката на Националното собрание, Јаел Брон-Пив.

По падот на Бајру, францускиот претседател беше принуден да бара четврти премиер во последните 12 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот