Макрон и Абас / Фото: EPA-EFE/MICHEL EULER / POOL MAXPPP OUT

Макрон и Абас повикаа итно да запре огнот, а Газа да добие хуманитарна помош

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговараа за ситуацијата во Појасот Газа и порачаа дека е неопходен итен прекин на огнот и продолжување на испораката на хуманитарна помош за палестинската енклава, пренесе „Франс прес“.

Двајцата лидери ги осудија предлозите за раселување на палестинското население од Газа и повторија дека е неопходно да се промовира решение засновано на две држави – Палестина и Израел и на меѓународен легитимитет.

Макрон и Абас разговараа и за преземањето на целосната одговорност од страна на Палестинската управа во Појасот Газа, како и за арапскиот план за реконструкција и реконструкција на енклавата.

Абас и се заблагодари на Франција за организирањето на претстојната мировна конференција, заедно со Кралството Саудиска Арабија, нагласувајќи ја важноста од признавањето на државата Палестина и поддршката на аспирациите на земјата за полноправно членство во Обединетите нации.

Тој, исто така, му се заблагодари на Макрон за ставот на Париз против присилното раселување на Палестинците, повикот за итен прекин на огнот и поддршката за правото на палестинскиот народ да остане на својата територија, како и за постигнување мир заснован на решение кое подразбира две држави, наведува палестинска новинска агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот