Макрон: Франција ќе отвори амбасада во Палестина само ако Хамас ги ослободи заложниците

Претседателот на Франција Емануел Макрон најави дека нема да отвори амбасада на Франција во Палестина додека Хамас не ги ослободи заложниците што ги држи во Газа.

Тој во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјави рече дека ослободувањето на заложниците е „јасен услов пред да биде отворена амбасада“.

Тој е против плановите за раселување на Палестинците од Газа, додавајќи дека земји како Франција и САД не можат да си дозволат нивниот авторитет на меѓународната сцена да биде поткопан со одобрување на таков развој на настаните.

Се очекува Франција официјално да ја признае независноста на Палестина утре на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот