фото: Агенција за млади и спорт

Македонските репрезентативци ќе учествуваат на Светското Таеквондо ИТФ првенство во Астана

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) ќе земе учество на Светското Таеквондо ИТФ првенство.

Светското Таеквондо ИТФ првенство се одржува во Астана, Казахстан во периодот од 18 до 26 август.

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација заминува во Казахстан под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и со поддршка на Општината Охрид.

Нашата земја ќе ја претставуваат репрезентативците Зоран Парулески, Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска под водство на Марјанчо Лазаревски.

Во април годинава Христијана Парулеска на Европското првенство во Италија успеа да освои златен и сребрен медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот