фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонските ракометари денеска против Литванија за пласман на ЕП 2026

Денеска од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје најдобрата македонска машка ракометна репрезентација против Литванија ќе го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.

Ова е решавачки меч за избраниците на селекторот Кирил Лазаров во кој ќе одат на победа со најмалку два голови разлика (или повеќе) за да го обезбедат второто место во квалификациската група 1 кое исто така води директно на ЕП.

Првиот меч меѓу овие две селекции заврши со триумф на Литванците (29:27). Од претходно репрезентацијата на Словенија веќе обезбеди пласман на ЕП.

И со минимална победа од еден гол разлика Македонија би имала добри шанси да се најде меѓу најдобрите третопласирани репрезентации за учество на континенталниот собир.

Судии на денешниот дуел во Скопје ќе бидат Руд Гераетс и Пол Гераетс од Холандија, додека ЕХФ делегат е Герхард Реисинер од Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!