Македонските натпреварувачи освоија девет медали на Кендо купот „Солун опен“

Македонскиот тим составен од два кендо клубови „Јошин кендо доџо“ – Скопје и Кендо клуб Охрид настапи на 17-тото издание на Кендо купот „Солун Опен“.

На „Солун опен“ настапија 22 екипи, а покрај Македонија учествуваа Грција, Србија, Романија, Бугарија, Австрија и Малта. Македонскиот тим се натпреваруваше во повеќе категории и освои девет медали, три златни и сребрени и четири бронзени.

Резултати:

Екипно сениори

1. Јошин кендо доџо- МКД

Матеј Ивановски, Александар Кесковски, Андреј Александров, Олег Бичковски и Александар Петрески

2. Београд СРБ

3. Атрапос Солун ГРЦ

3. Јошин кендо доџо 2 тим  Скопје МКД

Сокалов, Ангела Атанасовска, Дарко Велковски, Башовски и Ивона Лазаровска.

Поединечно:

Пионери

1. Меланија Крстевска- Јошин МКД

2. Мачија – Атрапос – ГРЦ

3. Јована Андоновска – Јошин МКД

3. Михаил Миленковиќ – Јошин МКД

Кадети

1. В. Крстиќ – Београд СРБ

2. Матеј Илиоски – Јошин МКД

3. Сеферлис – Атрапос – ГРЦ

Јуниори

Проблем со пасош

Сениорки

1. Астерија Акила – Атина Доџо – ГРЦ

2. Ивона Лазаровска – Јошин – МКД

3. Ангела Атанасовска – Јошин МКД

3. Марија Палиоглу – Атрапос – ГРЦ

Сениори

1. Матеј Ивановски – Јошин – МКД

2. Танасис Стаматис – Томбокаи – ГРЦ

3. Андреј Милошевиќ- Мори – СРБ

3. Мартин Димитров – Мусо – БУГ

Борбен дух

Џан Ајдогду – Сишинкан – ТУР

„Голема е радоста на нашите успеси, земајќи го предвид фактот дека се освоени вкупно 9 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени. Но, во главните конкуренции се освоени првите места и во поединечна и во екипна конкуренција.

Мораме да напоменеме дека нашите два клуба отпатуваа во Солун без неколку стандардни првотимци, без јуниорскиот тим, но и без стручниот штаб на клубовите и федерацијата, Атанасовски и Кесковски.

Овој Куп е еден од следните контролни турнири пред настапот на Балканското првенство во Истанбул, Турција, во мај годинава, и, секако, Светското првенство во кендо во јули во Милано, Италија.

Апелираме до надлежните служби во МВР и Агенцијата за млади и спорт да излезат во пресрет со издавањето на потребните патни исправи и АМС со соодветно финансирање на Федерацијата и клубовите во следниот период на настапи“, изјави претседателот на МКИФ д-р Златко Кесковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот