фото: kfsm.mk

Македонските кошаркарски надежи ќе тестираат со Црна Гора и Романија пред ЕП Дивизија Б

Првите „контроли“ за македонската кошаркарска репрезентација „Под 18“ се закажани за почетокот на јули, во Скопје ќе гостува Црна Гора, потоа и Романија.

Зад нашата најдобра јуниорска селекција се веќе десетина дена поминати во подготовки за она то ги чека во текот на ова лето – настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 26 јули до 4 август ќе се одржи во Скопје.

Противници на Македонија на ЕП ќе бидат Чешка, Босна и Херцеговина, Украина, Ирска и Кипар во рамките од групата „Ц“.

Период во кој селекторот на селекцијата „Под 18“ години, Горан Андреевски одбра со кои 16 кошаркари ќе го продолжи патот кон реализација на планираните цели. А тие како што вели Андреевски се граничат со пласман во полуфиналето на турнирот во Скопје.

– Мои очекувања, како селектор, за овој шампионат кој следува, се влез во финалните четири, односно борба за првите три места кои водат во „А“ дивизијата наредната година“ – вели самоуверено предводникот на нашиот јуниорски тим кој деновиве вредно се подготвува во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Инаку, подготовките ги продолжуваат следните 16. кошаркари: Бојан Димитријев, Марко Лукановски, Андреј Стојановски, Атанасиј Трајанов, Стефан Стојковиќ, Јордан Кузманов, Давид Петрушевски, Даријан Димовски, Коста Ќириловски, Никола Јаничиќ, Андреј Чадамов, Сергеј Младеновски, Лука Маријановиќ, Сергеј Петровиќ, Матеј Митев и Ристе Букрлишев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот