фото: mtftennis.mk

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра за полуфинале на турнирот во Австрија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски на убедлив начин со две експресни победи стигна до четвртфиналето на фјучрсот во австрискиот град Крамсах. Во мечевите од првите две кола загуби само четири гема од 28 одиграни. Во денешниот меч од второто коло го победи Австриецот Сил Гаџери со 2:0 во сетови 6:1 и 6:2 за 52 минути.

Со двете победи Ивановски ја потврди и улогата втор носител на турнирот, а неговиот нов ривал беше совладан без поголеми проблеми. Во првиот сет македонскиот тенисер поведе со 3:0 во гемови, а потоа ривалот го освои единствениот гем во сетот и намали на 3:1.

Ивановски ги доби и следните три гема за убедливи 6:1 во сетот. Во вториот сет Калин ја продолжи серијата и поведе со 5:0 со што имаше низа од осум освоени гемови. Но, тогаш следуваше и единствената брејк топка за Гаџери, кој ја искористи, а потоа намали и на 5:2. Во осмиот гем од вториот сет Ивановски не му дозволи на ривалот ниту еден поен и со 6:2 во гемови во сетот го заврши мечот.

Ивановски имаше четири ас сервиси, а противникот пет двојни сервис грешки, притоа нашиот тенисер реализираше пет од 10-те брејк топки во мечот.

Во четвртфиналето кое е на програмата утре Ивановски ќе игра со победникот од мечот Сандро Кор (петти носител, Австрија) и Бувајсар Гадамури (Белгија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!