фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Македонскиот тенисер Ивановски со пресврт до осминафиналето на турнирот во Франција

Најдобриот македонски тенисер успешно го започна турнирот во Кретеј, Франција, и обезбеди пласман во осминафиналната фаза.

Во првото коло Калин Ивановски (477, АТП) со резултат 2:1 во сетови го елиминираше Кирил Киватсев од Русија.

Противникот го освои првиот сет убедливо со 6:2, но следуваше пресврт на Ивановски кој е петти носител на турнирот.

Нашиот тенисер најпрвин го освои вториот сет со 6:4, а последниот трет сет беше решен во тај-брејк 7:6 (3).

Ивановски за пласман во четвртфиналето ќе се соочи со Естонецот Данил Глинка кој на стартот со 7:6 (3) и 6:1 го совлада Милан Велте од Германија.

Во женска конкуренција најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (218, ВТА) го заврши настапот уште во првото коло на турнирот во Астана, Казахстан. Нашата натпреварувачка со 2:1 загуби од Нигина Абдураимова од Узбекистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот