фото: fkradnickinis.rs

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Стефан Ашковски е нов играч на српскиот фудбалски клуб Раднички. Искусниот македонски интернационалец е големо засилување за клубот од Ниш.

Зад себе има богата кариера, која ја изгради, меѓу другото, и во Србија. Тој е ученик на школата на „Партизан“, а играше и за Напредак и Нови Пазар. Одличен е на неколку позиции, најчесто играјќи како лев бек и крило. Последен пат играше во Србија пред точно една деценија.

– По една деценија, повторно сум во Србија, во Раднички од Ниш, и можам да кажам дека сум пресреќен што сум тука. Раководството на клубот, предводено од првиот човек Ивица Тончев, сакаше да дојдам во Раднички пред две години, но имаше проблеми со документацијата. На наше заедничко задоволство, сега сè е во ред. Раднички е клуб со богата историја, традиција и има свои навивачи. Луѓето од Ниш го сакаат фудбалот, па затоа сум многу задоволен и од тој аспект. Би сакал да постигнам подобар пласман оваа сезона од минатата година. Да стигнеме до плејофот. Моите амбиции и амбициите на клубот се совпаѓаат. Знам дека ќе дадам се од себе на секој тренинг и на секој натпревар за да ги оствариме нашите цели. Досега ја следев Суперлигата, Раднички има добар тим, сега работите почнаа да се подобруваат и верувам дека така ќе продолжи да биде. Дека тимот ќе расте од ден на ден – рече Ашковски.

Интересно е што Ашковски веќе беше на прагот да дојде во Раднички. Имено, тој веќе беше на „Чаир“ и тренираше со тимот пред две години, но поради административни проблеми, трансферот не се реализираше.

Ашковски е роден на 24 февруари 1992 година. Изгради богата кариера во Турција, Холандија, Полска, Бугарија, Романија, Грција и Србија. Играше за сите младински, а потоа и сениорски репрезентации на Македонија.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот