фото: ГРК Охрид

Македонскиот репрезентативец Давид Савревски потпиша за ГРК Охрид

Давид Савревски (22) е ново име во редовите на ГРК Охрид, соопшти денеска клубот на своите социјалните мрежи.

Членот на македонската ракометна сениорска репрезентација игра на позицијата десен бек (195см).

Савревски официјално потпиша договор со „гладијаторите“ на минимум две години.

Савревски доаѓа од ракометниот клуб Алкалоид по три сезони и настапи во Европските купови, а пред тоа играше и за РК Вардар 1961.

ГРК Охрид со победата над Тиквеш во последното коло од плејофот го потврди четвртото место на табелата кое води во Европа.

Охрид се засили со уште еден македонски голман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот