Иван Додовски

Македонскиот писател и критичар Иван Додовски е избран за претседател на Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“

Mакедонскиот писател, критичар и научник Иван Додовски е избран за претседател на Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Оваа меѓународна организација опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети.

Главна цел на мрежата е да ги поттикне преводот и изведувањето на современи драмски дела од Европа, Централна Азија и Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и за публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната разновидност.

Иван Додовски е редовен професор по критичка теорија, компаративна литература и културологија на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје. Автор е на четири поетски книги, збирка раскази и на повеќе студии од областа на книжевноста и театарот.

За својата истражувачка работа ги добил наградите „Хејман“ и „Гертрут Кропер“ од Универзитетот во Нотингем, Англија. За книгата „Мало фолио за театар“ (2018) ја добил наградата „4 Ноември“, а за книгата „Долгата транзиција на Македонија“ (2023), приредена заедно со британскиот историчар Роберт Хадсон, објавена од лондонскиот издавач „Палгрејв Макмилан“, бил одликуван со државната награда за наука „Гоце Делчев“.

Како гостин-предавач држел предавања на универзитетите во Мелбурн, Дарби, Глазгов, Нитра, Јена и Будимпешта.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 261, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 21-22.12.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот