Македонскиот кендо клуб „Јошин“ се закити со дури 9 детали

Македонскиот кендо клуб Јошин освои девет медали на меѓународен турнир во Солун

На турнирот настапуваат преку 100 натпреварувачи од Македонија, Грција, Србија, Англија, Израел, Австрија, Молдавија, Бугарија, Полска и Италија.

Македонскиот кендо клуб „Јошин“ изминатиот викенд настапуваше на Меѓународен турнир во Солун, а во индивидуалните натпревари за пионери, јуниори, КЈУ (ученички степени), сениорки и сениори и ветерани над 40 години освоија 8 медали – 2 златни, 3 сребрени и 3 бронзени.

Медали освоија:

Катеогрија пионери
1. Михаил Миленковиќ – златен
2. Давид Алексовски – сребрен
3. Меланија Крстевска – бронзен
4. Максимилијан Климоски – борбен дух

„Јошин“ кендо клуб

Сите кои се закитија со медали се дел од „Јошин“ кендо клубот.

Во категоријата јуниори, Димитар Крстевски доби признание борбен дух.

„На децата им е прв интернационален настап. Имаме силна и светла иднина“ изјави Андреј Атанасовски, тренер на Јошин Кендо клуб.

„Јошин“ кендо клуб

Категорија жени КЈУ (ученички степен)
1. Ангела Атанасовска – Јошин, Македонија
2.Варсами Марија – Онамикаи, Грција
3. Лира Кармен – Кенкан, Грција
4.Леунг Нова – Тора, Англија

Категорија мажи КЈУ
1.Леонидас С. Атрапос,Грција
2.Савин Владимир – Бујукан,Молдавија
3. Александар Кесковски – Јошин, Македонија

Категорија жени ДАН
1. Астерија Акила – Атенс доџо, Грција
2. Мануела Хофлехнер – Линц, АвстријаЖ
3. Ивона Лазаровска – Јошин, Македонија

Категорија мажи ДАН
1. Фабио Бусси – До акдамес Торино – Италија
2. Андреј Александров – Јошин, Македонија
3. Серфреда Луца Шубукан – Италија
4. Литрас Триантафолис – Ренма – Грција

Ветерани
1. Василос Кустелидис – Ренма, Грција
2. Глигор ДубровскиЈошин, Македонија
3. Праксмаер Корнелиус – Линц

На турнирот настапуваат преку 100 натпреварувачи од Македонија, Грција, Србија, Англија, Израел, Австрија, Молдавија, Бугарија, Полска и Италија.

„Овој турнир е одлична шанса за нашите борци кои речиси сите се репрезентативци, како подготвителен турнир за предстојното 13-то Балканско првенство кое ќе се одржи од 28 до 30 април во Скопје“, вели тренерот Андреј Атанасовски, истакнувајќи дека Матеј Ивановски и Владимир Пешков стигнале до четвртфинале.

Кендо натпреварувачите на „Јошин“ од Скопје се бореа одлично во екипниот дел на меѓународниот турнир во Солун и извојуваа четири победи, освојкувајќи го бронзениот медал. Јошин славеше против Кенкан и Оменикаи од Грција, Јошин Тора микс Тим Македонија УК и Атарпос од Солун.

„Јошин“ кендо клуб

Јошин настапи во состав: Дубровски, Кесковски, Ивановски, Александров и Пешков. Успехот ќе беше поголем да не се повредеше Александар Кесковски.

– Во четвртфинале Александар Кесковски се повреди и бевме со борец помалку против Италија-Франција микс тим во полуфиналната борба. Одличен перформанс на нашите борци, доколку бевме цел тим сигурно ќе освоевме по сјајно одличје – изјави тренерот Андреј Атанасовски, нагласувајќи:

– Децата беа пуштени во мешани тимови од јуниори, со цел да го збогатат искуството во шијаи (натпреварувачко) aкендо.

Финални резултати:

1. Италија – Франција (микс тим)
2. Атина – Грција (микс тим)
3. Јошин – Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот