Еди Шерифовски (лево) се бори за норма на ЛОИ 2024/фото: Џудо федерација на Македонија

Македонскиот џудист Еди Шерифовски по бодови за учество на Олимписките игри во Париз

Џудо федерацијата на Македонија го најави настапот на Еди Шерифовски на Гранд Слем Тбилиси 2024 кој ќе се одржи од 22 до 24 март.

На овој настан во Грузија ќе партиципираат вкупно 831 земји и 531 натпреварувач.

Нашиот репрезентативец Еди Шерифовски (-81 кг) под водство на селекторот Горан Мицкоски ќе ја претставува Македонија.

Ова е еден од натпреварите за собирање бодови за учество на Летните олимписки игри во Париз 2024.

Шерифовски во првото коло утре во раните утрински часови се сретнува со репрезентативецот на Казакстан, Мади Амангелди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот