
Македонски дизајнери ќе се претстават со свои модели на големото финале на Топ Модел Балкан во Белград
По прв пат, престижниот моден натпревар Топ Модел Европа ќе ги обедини најдобрите модни таленти од Балканот во една вечер исполнета со елеганција, стил и креативност. Големото финале ќе се одржи на 26 октомври во хотел Москва, Белград, каде финалистите од регионот ќе се натпреваруваат за пласман на европското финале во Брисел.
Препорачано
На официјалниот натпревар, натпреварувачите ќе се претстават пред меѓународно жири составено од реномирани професионалци од светот на модата и медиумите. Веднаш потоа ќе следи спектакуларно модно дефиле, кое ќе ја прикаже разновидноста и квалитетот на балканската мода, со учество на дизајнери од Македонија, Србија и Франција.
Македонија ќе се претстави со 20 манекени и манекенки, кои ќе се борат за престижното прво место, како и со три врвни дизајнерки чии колекции ќе бидат прикажани во рамките на модната ревија. Свои колеции ќе претстават Шалева, Ирина Тошева и Фросина Кулакова.
Настанот ќе биде збогатен и со уметнички перформанси, кои ќе придонесат за незаборавна атмосфера и вистинско модно уживање.
Организатор на настанот е дизајнерката Душица Шалева, лиценциран претставник на Топ модел Европа Балкан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
18мин
-
33мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5