фото: Screenshot/facebook/Дарко Костовски

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на Г1 Бугарија опен

Нова убава вест за македонското таеквондо доаѓа од силниот светски куп Г1 Бугарија опен кој носи бодови за олимписки игри.

Бугарија Опен Г1, еден од најсилните турнири во Европа со над 1000 натпреварувачи од целиот свет.

Ведрана Тунески успеа да освои златен медал со четири остварени победи. Нашата натпреварувачка во првата борба триумфираше над Марина Боновска од Бугарија со 2:0.

Потоа, во четвртфиналето Тунески со 2:1 славеше против Маша Зорица, а во полуфиналето со 2:1 беше совладана Карина Довжањин од Украина.

Во големото финале македонската таеквондистка дојде до златото по победата над Нина Грујиќ од Србија (2:0).

Тунески која е член на таеквондо клубот Бутел е и пионерски медалист од официјално европско првенство.

Тренерскиот тим беше предводен од Борче Костовски, Викторија Спасовска, Стефан Костовски и Иван Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот