Фото: Ракометна Федерација на Македонија

Македонската ракометна репрезентација добива нов спонзор во наредните две години

Ракометот одамна не е само спорт, туку симбол на македонската упорност, борбеност и гордост. А од денес, покрај играчите, тренерите и навивачите, на таа приказна ѝ се приклучува и еден нов партнер – MAGGI, бренд кој со децении е дел од светските трпези и секојдневни моменти. На настанот официјално беше претставен брендот @maggi.macedonia како нов спонзор на македонската ракометна репрезентација во наредните две години.

Денеска, на прес-конференцијата во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше најавено новото партнерство кое го поврзува вкусот и спортот, кујната и арената, семејството и тимот. MAGGI, бренд препознатлив по своите супи, бујони, зачини, тестенини и други додатоци во исхраната, станува официјален спонзор на РФМ, носејќи порака дека заедништвото е најважниот рецепт за успех.

– Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи. Убеден сум дека оваа соработка ќе донесе многу позитивни приказни и нови победи – истакна претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

Фото: Ракометна Федерација на Македонија

– Најголемиот светски прехранбен бренд MAGGI е присутен во Македонија не само во кујните и на семејните трпези, туку добро знае и што тука најмногу сакаме покрај добрата храна, а тоа е ракометот. Затоа решивме со сето срце да го поддржиме омилениот локален спорт и нашата сјајна репрезентација во нивните победи. Со спортот одат и духот на заедништвото и здравите навики, а токму во тоа цврсто верува MAGGI – изјави Рената Матушиновиќ, генерален директор за категоријата храна за Југоисточна Европа во компанијата Nestlé.

Но, приказната не завршува тука. Зад името и логото стои и едно големо срце – Nestlé, долгогодишен партнер и донатор на Банката за храна на Македонија. Тоа значи дека истата рака што го поддржува спортот, истата енергија што ги бодри ракометарите, ја носи и топлината во домовите на оние на кои им е најпотребна.

Со ова партнерство, MAGGI уште еднаш потврдува дека храната може да значи многу повеќе од вкус – може да биде поттик, поддршка и симбол на заедништво. А тоа е приказна со длабоки корени – MAGGI е присутен во Македонија повеќе од 20 години, станувајќи дел од секојдневните навики, семејните оброци и моментите што остануваат во сеќавање. Денес, таа традиција добива нова димензија – преку поддршката на спортот и заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот