Работата на македонските кинематографери ја претстави Дејан Димески

Македонската Асоцијација на кинематографери учествуваше на Фестивалот „БалКам“ во Љубљана

На иницијатива на словенечката и македонската Асоцијација на кинематографери, од 18 до 22 јануари во Кинотека на Словенија во Љубљана, се одржа третото издание на Фестивалот „БалКам“ (Балканска камера), на кој се прикажуваат филмови од поранешните југословенски републики со акцент на кинематограферската работа и кинематограферите како автори.

На фестивалот свое учество зема и Македонската Асоцијација на кинематографери – МАК при Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), најстарото релевантно струково здружение од областа на филмското производство и останатите аудио-визуелни медиуми, чии цели се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци, кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура во нашата земја.

Македонската Асоцијација на кинематографери оваа година учествуваше со филмови кои се снимени во Македонија од македонски кинематографери и поддржани од Агенцијата за филм на РС Македонија.

Проекциите на МАК почнаа на 19 јануари со краткометражниот игран филм „Северен пол“ од кинематограферот Владимир Самоиловски. Следниот ден, на 20 јануари беа прикажани долгометражниот игран филм „Мими“ на кинематограферот Дејан Димески и студентскиот краток игран филм „Прогестерор“ на кинематограферот Димитар Атанасоски од ФДУ – Скопје.

Последниот филм со кој се претстави Македонската Асоцијација на кинематографери беше „Тетовирање“, на кинематограферот Мишо Самоловски, а беше прикажан на 22 јануари, во рамките на програмата „Филмска легенда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот