Фото: Инстаграм

Македонската актерка Габриела Петрушевска денеска го прославува својот јубилеен 50. роденден

Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Габриела Петрушевска е родена на 11 септември 1975 година во Куманово. Дипломирала на Унивезитетот „Св. Кирил и Методи“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје на отсекот актерска игра во класата на професор Кирил Ристоски, во 1999 г. Од 2019 г. работи во Македонски народен театар, Скопје.

Театрографија:

  • Ана Фјодоровна (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;
  • (Најкратки драми на светот, 2019), разни автори, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
  • Параскева (Дупло дно, 2017), автор: Горан Стефановски, режисер: Ангелчо Илиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Црната дама (Сонети, 2016), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Ангелчо Илиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Медеја (Медеја, 2016), автор: Сашо Димоски, режисер: Ненад Витанов, продукција: Фестивал на античка драма Стоби, Велес;
  • Хекуба (Геноцид, 2014), автор: Љубиша Георгиевски, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Хеда Габлер (Хеда Габлер, 2013), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Звездана Ангеловска, продукција: Народен театар – Битола;
  • Давил (Травничка хроника, 2013), автор: Иво Андриќ, режисер: Бранко Брезовец, продукција: Народен театар – Битола;
  • Маргарет (Хенри VI трет дел, 2012), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Џон Блондел, продукција: Народен театар – Битола;
  • Царица (Јане Задрогаз, 2011), автор: Горан Стефановски, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Шарлота (Вишновата градина, 2011), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Звездана Ангеловски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Дејзи (Големиот Гетсби, 2009), автор: Ф. Скот Фитџералд, режисер: Џон Блондел, продукција: Народен театар – Битола;
  • Попова (Мечка, 2009), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Пелагија (Коски во каменот, 2007), автор: Слободан Шнајдер, режисер: Бранко Брезовец, копродукција: НТБ Битола – Северна Македонија, ИТД Загреб – Хрватска, Кампнагел Хамбург – Германија, СНГ Љубљана – Словенија, Лабораторија Нове Фиренца – Италија;
  • Арина Пантелејмоновна (Женидба, 2006), автор: Николај Гогољ, режисер: Лилија Абаџиева, продукција: Народен театар – Битола;
  • Леди Макбет (Макбет, 2006), автор: Ежен Јонеско, режисер: Јон Карамитру, продукција: Народен театар – Битола;
  • Леди Ана (Ричард III, 2005), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Духот на слободата (Духот на слободата, 2005), автор: Војдан Чернодрински, режисер: Мартин Кочовски, Деан Дамјановски, Дејан Пројковски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Хасанагиница (Хасанагиница, 2005), автор: Алекса Шантиќ, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Маша (Три сестри, 2004), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Александар Поповски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Х (Лажни цар, 2003), автор: Мирко Ковач, режисер: Бранислав Миќуновиќ, продукција: Црногорско народно позориште – Подгорица;
  • Исмена (Антигона, 2003), автор: Софокле, режисер: Никита Миливојевиќ, продукција: Народен театар – Битола;
  • Тамар (Јонадаб, 2003), автор: Питер Шефер, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Мара (Парите се отепувачка, 2002), автор: Ристо Крле, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Олимпија/Елени Каринте (Маседуан Одисеја 2001, 2001), автор: Иван Поповски, режисер: Иван Поповски, копродукција: Народен театар – Битола, Драмски театар – Скопје, МОТ, Фестивал Охридско лето;
  • Кетрин (Паметта на водата, 2000), автор: Шила Стивенсон, режисер: Крикор Азарјан, продукција: Народен театар – Битола;
  • Катарина (Кротењето на фуријата, 2000), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Људмила (Васа Железнова, 1999), автор: Максим Горки, режисер: Красимир Спасов, продукција: Народен театар – Битола;
  • Цвета (Македонска крвава свадба, 1999), автор: Војдан Чернодрински, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Маргарет (Мачка на вжештен лимен покрив, 1998), автор: Тенеси Вилијамс, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Воин на Светлината (Евангелие по сенките, 1998), автор: Владо Цветановски, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар – Битола.

Награди:

  • Награда за најдобар млад глумец во 2000 г., списание Екран,
  • Награда за најдобра главна женска улога, за улогата Цвета во претставата „Македонска крвава свадба“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2000 г.;
  • „Златна маска“ за најдобра женска улога, за улогата Тамар во претставата „Јонадаб“ на Фестивалот „Охридско лето“, 2004 г.;
  • Награда за најдобра главна женска улога, за улогата Духот на слободата во претставата „Духот на слободата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2005 г.;
  • Награда за најдобра споредна улога, за улогата Арина Пантелејмоновна во претставата „Женидба“ на МТФ Војдан Чернодрински, 2006 г.

ТВ серии:

Марина (На терапија, 2017), сценарио: Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви, режисер: Дина Дума, продукција Кино Око; Мирела (Инсајдер, 2017), сценарио: Сашо Кокаланов, режисер: Игор Иванов, Горјан Тозија, Дарјан Пејовски, продукција Слобода филм.*

Филмографија:

  • Сара (Остров, 2025, краток филм),
  • (Мизантроп, 2025, краток филм),
  • Адвокатка (Преспав, 2019, играна серија),
  • Гордана (Змија, 2019, краток филм), сценарио и режија: Андреј Волкашин;
  • Маринела (Инсајдер, 2017, играна серија),
  • Мајката (На терапија, 2017, играна серија),
  • (Последно лето на Балканот, 2012, мини серија),
  • Ратка (Ова не е американски филм, 2011, долгометражен), сценарио: Павел Јеч, режисер: Сашо Павловски;
  • Љуба (Вишновата градина, 2009, краток филм), сценарио и режија: Гоце Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот