
Македонија против Полска ги завршува квалификациите за Евробаскет 2025
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за Евробаскет 2025 со натпревар пред домашната публика, среде Скопје, против селекцијата на Полска.
Препорачано
Денеска нашите најдобри кошаркари ќе излезат на паркетот во СРЦ Кале од 18.30 часот, за последен пат во рамки на овој квалификациски циклус, за континенталниот собир кој треба да се одигра во четири држави кон крајот на летото. За жал, Македонија нема да биде една од учесничките на ова Европско првенство.
Исходот од квалификациите е неповолен за нашата репрезентација, која ќе чека нов квалификациски циклус за нова шанса за пласман на големо натпреварување.
За вечерниот дуел против Полска картите се пуштени во продажба, поддршката од трибините е секогаш добредојдена. Достоинствено, да им ставиме крај на квалификациите за заборав.
Во рамки на овој квалификациски циклус, сениорите запишаа една победа, токму против селекцијата на Полска пред една година на гостински терен.
Февруари, 2024 година
Македонија – Естонија 69:74
Полска – Македонија 71:96
Ноември, 2024 година
Македонија – Литванија 67:82
Литванија – Македонија 94:72
Февруари, 2025 година
Естонија – Македонија 84:65
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
43мин
-
1час
-
2час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5