Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Македонија на „менито“ на УЕФА: Седум возбудливи мечеви кои треба да ги гледате на ЕП!

Растат секојдневно возбудувањата пред стартот на Европското првенство, избраниците на селекторот Игор Ангеловски се во завршниот дел од подготовките, а за утре е планирањето патувањето за Букурешт.

Токму во романскиот главен град на 13 јуни со почеток од 18.00 часот македонската А репрезентација ќе го има дебито против Австрија.

Јуни, месец резервиран за нови фудбалски моменти, се надеваме дека со нови големи резултати на нашата селекција, општо со уште поубав фудбал и многу голови. Европската фудбалска куќа (УЕФА) одвои седум натпревари за кои смета дека ќе бидат доста возбудливи.

А еден од нив токму е и нашиот прв меч против Австријците кои беа пред нас во редовните квалификации, пред триумфите над Косово и Грузија во плеј-офот од Лигата на нации за прв историски пласман на ЕП – а сега следува „реванш“.

Австрија беше подобра двапати дома и гости против Македонија, со победата од 2:1 во Виена на 16 ноември 2019 година со головите на Алаба и Лајнер го обезбеди настапот на ЕП.

Но, еве повторно двете репрезентации се во иста група, во Букурешт. Најдобриот стрелец на сите времиња Горан Пандев го реализираше голот за историски пласман на континенталниот собир. УЕФА прашува, дали 37-годишниот играч и натаму ќе ги тресе противничките мрежи?

Седум натпревари кои ги препорачува УЕФА да ги гледате се:

Турција – Италија (Рим, Група „А“), 11 јуни, 21.00 часот
Данска – Финска (Копенхаген, Група „Б“), 12 јуни, 18.00 часот

Австрија – Македонија (Букурешт, Група „Ц“), 13 јуни, 18.00 часот
Англија – Шкотска (Лондон, Група „Д“), 18 јуни, 21.00 часот

Шпанија – Полска (Севиља, Група „Е“), 19 јуни, 21.00 часот
Португалија – Франција (Будимпешта, Група „Ф“), 23 јуни, 21.00 часот
Германија – Унгарија (Минхен, Група „Ф“), 23 јуни, 21.00 часот

Австрискиот селектор Фода со 30 кандидати за првиот меч со Македонија на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!