фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонија мора да оди на победа и против Литванија за пласман на ЕП 2026

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација оствари важна победа против Естонија и ги одржува шансите за пласман на Европското првенство 2026.

Нашата селекција предводена од Кирил Лазаров дојде на чекор од пласман на континенталниот собир.

В недела од 18.00 часто во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во последното шесто квалификациско коло македонските ракометари ќе ја пречекаат Литванија.

Македонија ќе мора да ги совлада Литванците со минимум два голови разлика (или повеќе) за да го обезбеди второто место на табелата.

И како третопласирани во случај на триумф имаме реални шанси да се најдеме на ЕП што би било осмо во низа.

Влезниците за натпреварот Македонија – Литванија се 200 и 300 денари, соопштија од Ракометната федерација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот