Фото: МИА

Македонија меѓу земјите со најмалку тенкови во светот

Според податоците на „Global Firepower“ за 2025 година, Македонија е меѓу земјите со најмалку тенкови во своите одбранбени сили. Од 145 рангирани земји во светот, Македонија е на 102. место со 20 тенкови.

Русија е далеку пред Европа по бројот на тенкови – дури 5.750, по што следуваат Турција со 2.238 тенкови, додека Украина, и покрај воената состојба, има 1.114 тенкови, што ја става меѓу првите во Европа. Грција има дури 1.344 тенкови, што е повеќе од изненадувачки и е резултат на долгорочни воени инвестиции, првенствено поради тензиите со Турција.

Полска располага со 614 тенкови, по што следат Германија-296, Шпанија-317, Романија-328 и Франција-215. Обединетото кралство располага со 227 тенкови.

На просторот на Западен Балкан, Србија убедливо води со 262 тенкови со што значително ги надминува своите соседи. Хрватска има 75 тенкови, додека Босна и Херцеговина има 46, а Албанија 45. Како што стои во анализата, Црна Гора и Косово немаат тенкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот