
Македонија го освои првото место на УЕФА развојниот турнир за фудбалери до 15 години
Репрезентацијата на Македонија до 15 години е победник на УЕФА развојниот турнир кој се одржуваше во Скопје. Во последниот трет натпревар успеа да го совлада Косово со 2:1 и така ја освои првата позиција.
Препорачано
Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски уште на стартот од натпреварот преку Ангелевски пропуштија извонредна можност. Во 27 минута, Грашевски погодува за предност на Македонија по одличното додавање на Бранковски.
Во продолжението од мечот, Косово израмнува во 64 минута. Само пет минути подоцна Грашевски по вторпат се запишува во листата на стрелци за предност и победа на Македонија. Голема заслуга за вториот погодок имаше Стаматовски, кој по одличниот продор по левата страна, асистираше за Грашевски.
Македонија: Џангаровски, Жаку, Стоилов, Кесиќ, Марковски, Ангелевски, Бранковски, Грашевски, Назиф, Бојовиќ, Заев.
На претходните два меча од турнирот, нашата селекција триумфираше над Ерменија со 5:1, а загуби на пенали од Малезија со 4:2, во регуларниот дел беше 1:1.
Репрезентацијата на Македонија до 15 години одигра одличен турнир, во кој нашите млади фудбалери се наметнаа со одлична офанзивна игра и модерен фудбал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
42мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5