Македонија доби донација од 5.300 најнови тестови за коронавирус, произведени од американскиот пионир „Абот“

Компанијата „Бест Веј Инвестмент” соопшти дека обезбедила 5.300 тестови за утврдување на Ковид-19, во вредност од 3.095.730 денари (50.000 евра) за потребите на Министерството за здравство.

Tестовите се производство на американската компанија „Abbott Molecular inc”, која е еден од пионерите на тоа поле во светот.

Преку овие тестови, како што се посочува, може да се идентификуваат лицата кои стекнале имунитет на Ковид-19.

Тестовите, исто така го идентификуваат присуството на коронавирусот со 100 отсто сензитивност на луѓето кои се заразени, како и на оние кои биле заразени, а кои имале благи или пак воопшто немале симптоми.

Овие тестови се новитет и се први кои пристигнуваат во државава. Досега Америка, Англија, Израел и други земји порачаа повеќе од 30 милиони парчиња од овој тест, наведуваат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот