фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Македонецот“ Шортс втор на листата на најголеми трансфери во Евролигата

Денеска започнува новата сезона на Евролига, во која ќе се натпреваруваат дури дваесет екипи. Летниот преоден рок донесе вистинска трансфер лудница, а со оглед на бројот на промени и имињата кои се преселија во нови средини, тешко е со сигурност да се прогнозира кој ќе доминира оваа сезона, кој ќе обезбеди плејоф, а кој ќе остане под очекувањата.

Меѓу оние кои направија трансфер летово е и натурализираниот македонски кошаркар Ти-џеј Шортс кој по феноменалната дебитантска сезона на Париз во Евролигата, направи трансфер во првиот фаворит за освојување на Евролигашката титула, грчки Панатинаикос.

Топ 10 најголеми трансфери во Евролигата лето 2025:

Никола Миротиќ → Монако

Ти Џеј Шортс → Панатинаикос

Василије Мициќ → Хапоел Ерусалим

Тео Маледон → Реал Мадрид

Чима Монеке → Црвена звезда

Џабари Паркер → Партизан

Џанан Муса и Филип Петрушев → Дубаи

Вил Клајбурн и Торнике Шенгелија → Барселона

Марко Гудуриќ → Армани Милано

Карсен Едвардс → Виртус Болоња

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот