Бугарска полиција, Бугарија
Бугарска полиција / Фото: Artur Widak/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Македонец убиен во Сончев Брег: 14-годишник го удрил со остар кол

Македонски државјанин на возраст од 49 години вчера е пронајден мртов во Сончев Брег во Бугарија. Осомничен за убиството е 14-годишно момче од Несебар, соопшти бугарската полиција, а пренесува новинаската агеција БТА.

Констатирано е дека телото е на 49-годишен државјанин на Република Северна Македонија, кој влегол во Бугарија на 24 јануари годинава преку граничниот премин Деве Баир- Ѓуешево. По извршениот увид на полицијата, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери и слично, утврдено е дека извршител на убиството е 14-годишник од Несебар, на кого му е одредена мерка притвор во траење од 24 часа, соопшти бугарското МВР.

Според истражителите, осомничениот делото го извршил удирајќи го со остар кол. Причините за убиството се истражуваат, а Обвинителството во Бургас се очекува во текот на денот да соопшти детали од истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот