Мајстор на фотографија за урбани сцени е претставен во „Рудиќ Галерија“

Фотографии од Дејан Колевски се изложени во „Рудиќ Галерија“. Дејан Колевски со фотографија интензивно се занимава од 1998 година. По професија е телекомуникациски инженер, а фотографијата за него е пасија и медиум за креативно изразување.

Еднакво го интересира црно-белата и колор-фотографијата. Во различни временски периоди го интересирале повеќе типови фотографија, почнувајќи од пејзажи од Македонија, сѐ до експериментални техники на фотографија.

Ако се направи пресек на неговото фотографско творештво, тематски доминираат фотографиите во кои централното место го има човекот прикажан во урбана средина. Во оваа серија фотографии се прикажани најразлични сцени од урбаниот живот и архитектура низ различни меридијани на светот.

Изложбата е во програмата на манифестацијата Денови на македонска фотографија, која веќе 60 години ја организира Фото сојузот на Македонија. Изложените фотографии се дел од колекцијата со која Дејан Колевски се здоби со звање мајстор на фотографија при Фото сојузот на Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 133, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-19 јуни 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот