ВИДЕО: Мајски снег го прекри Балканот

Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот превој Јабука, на надморска височина од 1250 метри надморска височина над Пријепоље, утрово осамна под снежна покривка.

– Снегот почна да паѓа во раните утрински часови, а температурата се спушти на само 1 степен Целзиусов. Белите снегулки не беа само минлив феномен, снегот брзо се спушти и ја покри околната природа, создавајќи необична зимска атмосфера во средината на мај – раскажуваат мештаните за агенцијата РИНА.

Тие додаваат дека возачите што минуваат низ овој планински превој се изненадени од глетка што повеќе доликува на јануари отколку на средината на мај. Поради снежните врнежи и ниските температури, на возачите им се препорачува дополнителна претпазливост, особено поради можноста од појава на голомразица на коловозот.

Освен на Јабука, снег има и на Копаоник, каде што моментално паѓа снег, а температурата е нула степени, според последните мерења на српското УХМР во 9 часот утринава.

Во Босна и Херцеговина, планината Влашиќ беше погодена од снежни врнежи, при што утрово е измерена температура од -7°C . Снегот се задржа на површината, создавајќи зимска атмосфера во средината на мај.

Во Црна Гора, снегот падна на Жабљак и во Мојковац, каде што утринската температура беше околу 1°C . Останатите делови на земјата доживеаја значително заладување со дождливи услови.

Овој невообичаен мајски снег е резултат на силен студен фронт кој го зафати регионот, предизвикувајќи пад на температурите за 10 до 15 степени под просекот за овој период од годината .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот