
Мајката на Шенон Доерти првпат се огласи по смртта на ќерка си: Нејзината порака ќе ве растажи
Роза Елизабет Доерти, мајката на актерката Шенон Доерти, првпат проговори по смртта на нејзината ќерка.
Препорачано
Имено, Роза во изјава за „Пипл“ им се заблагодари на сите обожаватели на Шенон, како и на нејзините пријатели и колеги, за поддршката и љубовта што и ја дадоа на актерката во нејзините најтешки борби.
„Таа е мојата убава девојка и моето срце. Нашето семејство сака да им се заблагодари на сите што покажаа љубов и поддршка за нашата Шенон во текот на нејзиниот живот. Навистина сме благодарни“, изјавила Роза Доерти.
Битката на Шенон Доерти со ракот започна во 2015 година кога таа првпат ја објави својата дијагноза во јавноста. Во 2017 година таа објави дека е во ремисија, но три години подоцна откри дека ракот се вратил и се проширил на нејзините коски и мозокот.
Инаку, Доерти почна да продава работи на почетокот на оваа година поради нејзината влошена здравствена состојба.
Таа на нејзиниот подкаст рече дека го дава својот имот во обид да ѝ ги олесни работите на нејзината мајка, Роза Доерти, доколку умре среде здравствената криза.
„Мојот приоритет во моментов е мајка ми – знам дека ќе ѝ биде тешко ако умрам пред неа“, рекла таа, а потоа додала:
„Бидејќи ќе ` биде толку тешко, сакам другите работи да бидат многу полесни. Не сакам тaa да има куп работи со кои ќе се занимава. Не сакам таа да има четири складишта полни со мебел. Чувствувам дека се откажувам од нешто што било многу посебно и важно.“