Фото: Твитер

МАЈКА ОД ПЕКОЛОТ: Ги оставила синот и ќерката без храна и вода 11 дена, децата починале во најголеми маки, а таа се смеела пред судот

Мајка која своите две мали деца полни 11 дена ги оставила без храна и вода, за да поминува повеќе време со својот љубовник и нивното дете, била осудена поради убиство, јавуваат украинските медиуми.

Владислава Трокхимчук (23) од Киев во Украина не покажала никакво каење ниту за време на судењето, а дури се смеела кога била осудена на затворска казна од осум години, бидејќи намерно го изгладнувала децата и поради убиство на синот Даниел.

Нејзината 3-годишна ќерка Ана успеала да преживее на тој начин што пиела вода од вазна, но девојчето страдало од хронична неуранетост.

Децата не можеле ниту да ја напуштат својата соба, бидејќи под вратата се наоѓал пешкир. Така, децата гладувале 11 дена, а за тоа време јаделе тапети, гипс, како и сопствениот измет. На ѕидовите биле пронајдени траги од заби, а тие очајнички се обидувале да го отстранат линолеиумот од подот за да отворат празнина под вратата.

Поранешната свекрва на Владислава се обидела да влезе во станот но немала клуч, раскажува за украинските медиуми таткото на децата.

Неговата мајка ги пронашла децата 11 дена подоцна. На полицијата и рекла дека одела да ги посети децата со намирници и играчки.

– Ана лежеше на креветот и спиеше. Ја разбудив, и дадов банана, па потоа ја прегрнав. Тогаш се беше како во страшен сон. Не сфаќам како тоа се случи – вели таа.

https://youtu.be/uaNgFUrb6Gs

Владислава имала за цел да ги изгладнува своите деца, за потоа да објавува нивни слики на социјалните мрежи. Таа сакала светот да мисли дека со децата водат страшен и тежок живот, за да може да собира пари за нивно наводно лекување, било соопштено на судот.

Додека ги оставила своите деца сами дома 11 дена, мајката времето го помнувала со новиот љубовник.
Полициски извор потврдил дека таа се забавувала додека децата се мачеле до смрт. Психијатри оцениле дека таа е ментално способна и дека може да се соочи со судењето.

https://youtu.be/Ru-T2935Xbg

Судијата ја нарекол „цинична личност без срце“, а осумгодишната казна која и била изречена, предизвикала лутина и бес кај присутните.

– Не можам да најдам изговор за себеси. Секогаш го сакав најдоброто за своите деца. Сонував дека мојот син ќе студира и дека ќе живее подобро од мене. Не можам да разбера зошто Бог ми го зема синот, а мене ме остави во притвор – изјавила мајката на судот.

Меѓутоа, кога и била изречена конечната пресуда, таа почнала да се смее и да ракоплеска со рацете.
Ако се земе во предвид и времето кое Владислава го поминала во притвор од моментот кога се случило злосторството, како и условниот отпуст, таа во затвор ќе помине само уште три години.

 

Се очекува да биде поднесена жалба, за казната да се промена во доживотна.

Нејзината преживеана ќерка Ана, била дадена на посвојување, а мајката монструм ќе може да ја одгледува својата најмала ќерка Софија кога ќе излезе од затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот