Магдебург по голема драма ја победи Барселона и закажа германски финале

Европскиот ракомет доби  германско дерби помеѓу Магдебург и Фуксе Берлин во финалето од Лигата на шампионите. Ракометарите на Магдебург приредија вистинска драма во полуфиналниот дуел против Барселона, каде по голема борба излегоа како победници со 31-30.

Каталонците одлично го отворија натпреварот и на моменти делуваше дека сигурно чекорат кон ново финале. Со предност од четири голови (16-12), изгледаа како да го имаат мечот под контрола. Но, Магдебург не се предаде – до крајот на првиот дел го анулираше водството и на пауза се замина со нерешени 18-18.

И второто полувреме Барса го почна подобро, поведе со 24-21, но токму тогаш почна нивниот пад. Германскиот шампион за првпат стигна до водство во 46. минута (25-24), а проблемите на каталонскиот тим се продлабочија со повредата на Дика Мем, кој не се врати на теренот.

И покќ Барселона успеа и во последните осум минути повторно поведе со 29-27. Но, Магдебург одговори со две брзи акции и израмни на 29-29. Возбудливата завршница кулминираше кога по водството на Барса (30-29), следуваа два црвени картона, а Хорнке прво израмни, а потоа и со гол во последните секунди ја донесе победата за Магдебург.

Во големото финале, Магдебург ќе се соочи со Фуксе Берлин, кој во првото полуфинале го прегази францускиот Нант со 34-24.

Вреди да се напомене дека овој полуфинален спектакл го водеа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот