Мафијашка конкуренција во текстилниот сектор заврши фатално: Брачен пар егзекутирани среде Рим

Шефот на кинеската мафија Џанг Дајонг (53), со прекар „Ашенг“ и неговата сопруга Гонг Сијаокинг (38), се пронајдени мртви на само неколку метри од зградата во која живееле во близина на квартот Пињето во источниот дел на Рим, објави италијанската полиција, според „Си-ен-ен“.

Убиството се поврзува со борбата за превласт во индустријата за текстил, со која раководат кинеските „тријади“.

Најмалку шест истрели биле испукани кон мафијашот и неговата сопруга, кои се враќале дома со велосипеди во понеделникот доцна навечер. Убијците дошле со мотор, им се приближиле и отвориле оган. Тие починале од прострелни рани во задниот дел од главата.

Обвинителите рекоа дека двојното убиство би можело да биде „убиство од одмазда“ и дека мотивот може да се поврзе со таканаречената „војна на закачалките“, која ескалираше во последните години меѓу кинеските криминални групи специјализирани во текстилниот сектор, особено фабриките за брза мода во тосканскиот град Прато, во близина на Фиренца, соопшти полицијата на прес-конференција во вторникот.

Полицијата вели дека убиството може да сигнализира прекин на лојалноста меѓу „картелите“ кои го контролираат секторот за облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот