
Мадуро: САД да ги намалат тензиите за да избегнеме воен судир од поголеми размери
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ги повика САД да го намалат тензиите меѓу двете земји, предупредувајќи на опасност од „воен конфликт од широки размери“ во Јужна Америка, пренесуваат светските медиуми.
Препорачано
„Ниту едно од нашите несогласувања не смее да доведе до војна или насилство во Јужна Америка“, изјави Мадуро во видео објавено на апликацијата „Телеграм“.
Тој ги обвини САД за „план за насилна промена на режимот“ во Венецуела и други латиноамерикански земји и повикува на почитување на суверенитетот на неговата држава.
Мадуро соопшти дека се мобилизирани 5.300 единици на општинските безбедносни сили за заштита од можни обиди за „државен удар“ поддржан од Вашингтон.
Тензиите меѓу Венецуела и САД се заострија неодамна, откако САД распоредија воени бродови во Карипското Море поради, како што тврдат, борба против нарко-канали. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД извршиле напад врз брод со дрога, при што убиле 11 членови на венецуелската група „Трен де Арагуа“, означена како терористичка организација од САД.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
32сек
-
9мин
-
15мин
-
18мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5