
М18 лига-жени: Баскет Кам ги обедини двете титули, Марија Николов прогласена за МВП
По сениорската, кошаркарките на Баскет Кам ја освоија и онаа во јуниорска конкуренција. Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица е нов државен шампион во женската М18 лига за сезоната 2022/2023.
Препорачано
Во големото финале составот од Македонска Каменица беа подобри од Крива Паланка со резултат 69:50 во салата „Кирил и Методиј“.
Веднаш по завршувањето на финалниот натпревар, беше избран и најкорисниот играч на турнирот. Кошаркарката на Баскет Кам 2011, Марија Николов ја освои главната индивидуална награда на собирот во Македонска Каменица.
Ова признание го додели Јелена Антиќ, селекторот на женската репрезентација „Под 18“ години. Николов имаше две одлични партии, како во полуфиналето против Бадел 1862, така и во финалниот меч против ривалот од Крива Паланка.

Во последниот натпревар од сезоната, Николов реализираше 28 поени (2/8 за три, 8/16 за два и 6/10 за еден поен), додаде и шест асистенции, пет скока, три освоени и четири загубени топки за 37:34 минути поминати во игра. Односно 22 индексни поени, најдобар индивидуален ефект и во финалето.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5