Сања Лукаревска / Фото: Телма

Лукаревска: Гледаме селективна истрага за трагедијата во Кочани, семејствата заслужуваат правда и одговори

„По трагедијата на 16 март во Кочани, досегашниот тек на истрагата покажува селективност и нетранспарентност. Семејствата во Кочани и граѓаните заслужуваат одговори. Но, место тоа, имаме селективна истрага, која на моменти се води дури и бомбастично“, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма.

Таа вели дека по една ваква трагедија, никој нема право на оправдувања или селекција.

-Сепак, ние сега гледаме селективна истрага. Додека претходниот министер за економија е во притвор, сегашниот изјавува дека не ги знае надлежностите и овластувањата, велејќи: „Јас немам ништо со ова и со лиценците.“ Не слушнавме ништо ниту за полициските службеници кои имаат обврска да го прават планот за ризик, само гледаме дека има суспензија. На јавноста ѝ се потребни одговори и овој процес мора да биде транспарентен. Граѓаните и семејствата во Кочани заслужиле да имаат одговори за трагедијата, рече Лукаревска.

Лукаревска се осврна и на формирањето на анкетна комисија која треба да започне со работа во соодветно време, но не смее да биде замена за истрагата.

-Истрагата за трагедијата во Кочани треба да покаже веродостојни резултати. Анкетната комисија не смее да ја замени истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство и не смее да биде мост за добивање на евтини политички поени, рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот