Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Лука Модриќ станува косопственик на клуб кој пред осум години играше во Премиер лигата

Лука Модриќ покрај тоа што и понатаму е активен на фудбалските терени сега ќе стане и косопствени на Свонси, екипа која се натпреварува во Чемпионшип.

Свонси во овој момент се наоѓа на 12-тото место во второто по ранг натпреварување во Англија, а пред осум години овој клуб беше дел и од Премиер лигата.

Информацијата за Модриќ и Свонси ја објави и познатиот фудбалски инсајдер нагласувајќи дека се е завршено и дека треба само да да се завршат одредени административни работи, по што се би требало и да се официјализира.

Засега фудбалерот не зборувал во јавноста на оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот