Фото: Luke Shaw/Twitter

Лук Шо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Aнглискиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Лук Шо (27) го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ до 30. јуни 2027 година.

Лук Шо дресот на Манчестер Јунајтед го носи веќе девет години.

„Пред девет години дојдов во овој одличен клуб и воодушевен сум што ќе го продолжам својот престој. Неизмерно созреав од доаѓањето во Манчестер како личност и како играч. Знам што е потребно за успех тука“, изјави Шо за клупската страница.

Во редовите на Манчестер Јунајтед, англискиот фудбалер дојде од Саутемптон и досега одигра 249 натпревари во кои постигна четири гола и подели 28 асистенции. Дресот на репрезентацијата на Англија го носеше 29 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот