Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Луис Енрике за Мбапе: Слична беше ситуацијата и минатата година

Долго време молчеше и не даваше никакви изјави, а сега за првпат Луис Енрике се огласи за ситуацијата со Килијан Мбапе.

Иднината на Мбапе се уште не е решена, додека Енрике се надева на најдобар можен исход. Со оглед на тоа што се случуваше во изминатиот период мали се шансите да има договор, сепак шпанскиот стратег не губи надеж.

Надеж на Енрике му дава тоа што и во минатото слична ситуација со Мбапе се реши на позитивен начин за ПСЖ.

„Мбапе е тема за која многу се зборува и во минатото бевме во таква ситуација и на крајот се беше решено на позитивен начин, уште јас кога не бев во клубот. Се надевам дека истото од минатата година ќе се случи и сега. Тоа е она што јас го сакам, истовремено ниту еден играч не е поголем од клубот. Клубот се води по таа филозофија и важи за секого“, изјави Енрике.

Последните информации од француските медиуми беа дека ако Мбапе остане и не го продолжи договорот ќе остане надвор од тимот во текот на целата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!