Фото: Рexels-wildlittlethingsphoto

Луѓето во Германија се посреќни од минатата година

Задоволството од животот во Германија е значително зголемено во текот на минатата година, покажуваат резултатите од новото истражување, пишува ДПА.

„Атласот на среќата 2024“, редовно истражување за задоволството од животот на Германците, објави дека задоволство од животот се вратило на нивото од 2010-тите.

„Германија се врати на вистинскиот пат за среќа“, рече Бернд Рафелхусен, научен директор на „Атласот на среќата“ и професор на Универзитетот во Фрајбург.

Студијата објави просечен национален резултат за задоволство од животот од 7,06 поени од 10 – 0,14 поени повисок од минатата година.

Според студијата, луѓето се најсреќни во покраината Хамбург, која освоила 7,38 поени. Северната германска покраина има особено силна економија и добра здравствена заштита, училишта и установи за згрижување деца, се вели во извештајот за студијата.

Следуваат оние кои живеат во јужната покраина Баварија и северниот дел на Шлезвиг-Холштајн, со 7,23 поени.

Во меѓувреме, најмалку среќните жители на Германија живеат во Сар на југозападниот дел на земјата (6,73 поени), Берлин (6,63 поени) и Мекленбург-Западна Померанија на брегот на Балтичкото Море (6,17 поени).

Вкупно 12.452 луѓе на возраст од 16 и повеќе години беа интервјуирани од страна на Институтот за истражување на јавното мислење Аленсбах помеѓу јули 2023 и јуни 2024 година за нивното општо задоволство од животот поради студијата.

Институтот, исто така, спроведе конкретни интервјуа за областите на работа, приход, семејство и здравје со 3.161 лице на возраст над 16 години во периодот од февруари до април 2024 година.

Дополнително, берлинската компанија за анкети „Ипсос“ анкетирала 2.000 Германци на возраст меѓу 18 и 65 години за разликите меѓу истокот и западот на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот