Screenshot

Луд Русин, наместо банана, јаде сол (ВИДЕО)

Русинот Данил Медведев денеска ќе игра во финалето на тенискиот турнир во Барселона откако во полуфиналето го совлада Кеи Нишикори со 2:1 во сетови (6:4,3:6,7:5) но освен со триумфот тој го привлече вниманието и со своето однесување на паузата помеѓу гемовите.

Обично на паузите, тенисерите пијат вода, енергетски пијалоци, јадат банани или енергетски продукти. Но, Медведев од торбата извади шишенце со сол и почна да го тресе во устата. Иако изгледа невообичаено, Медведев имаше добра причина за овој несекојдневен потег.

Тенисерите се потат, а Медведев се поти далеку повеќе од другите со што губи многу повеќе сол преку потта. На спортистите им е потребен малку поголем внес на сол во организамот за да може крвниот притисок да истане нормален од големите напори на тренинзите или натпреварите.

Очигледно, Медведев се консултирал со нутриционист и дошол до заклучок дека му е потребен внес на сол за време на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот