EPA/ROMAN ISMAYILOV

ЛШ, квалификации: Карабах е убеден во својата надмоќ над Шкендија

Шампионот на Азербејџан утре гостува во Скопје, а фудбалската јавност во таа земја главно е убедена дека Карабах ќе излезе на крај со шампионот на Македонија. Шкендија досега двапати елиминирала клубови од Азербејџан во европските купови, па Карабах екстра мотив за победа може да бара во желбата за одмазда

Карабах, кој утре во Скопје игра со Шкендија, е поквалитетен од првакот на Македонија и би требало да го елиминира, смета фудбалската јавност во Азербејџан. Шкендија никогаш не играла против Карабах, најдобриот клуб од Азербејџан, но, има позитивен биланс со другите клубови од оваа земја.

Во сезоната 2016/2017 Шкендија го елиминира Нефчи (1-0, 0-0), а во сезоната 2020/2021 го елиминира Сумгајит (2-0) во квалификациите за Конференциската лига.

Во Карабах биле убедени дека романскиот ФЦСБ ќе ја мине Шкендија и ќе им биде противникот за третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Но, сега се подготвуваат за тетовскиот клуб и сметаат дека ќе можат полесно да го минат од романскиот состав, кој беше елиминиран од Шкендија.

„Карабах ќе се справи со Шкендија“

– Очекувам дефанзивен фудбал од противникот. Ќе се обидат да ги искористат грешките на нашиот тим. Карабах ќе се справи со Шкендија затоа што знае како да игра против вакви тимови и има квалитетни крилни играчи кои можат да ја пробијат одбраната на противникот – вели Аслан Каримов, фудбалски експерт од Азербејџан.

Карабах е шампион на Азербејџан, а има повеќе успешни настапи во европските купови и како таков е фаворит во двомечот со Шкендија. Карабах има еднаш играно во групната фаза на Лигата на шампионите (2017-2018), а од сезоната 2014/2015, па до минатата сезона, редовно игра во групната фаза на Лига Европа.

Гостите пет пати повредни од тетовци

Вкупната вредност на тимот на Карабах е 24, 15 милиони евра, значително повеќе од Шкендија (5,10 милиони евра), според Трансфермаркт. Највредни играчи им се Бразилецот Кади Борхес (2,5 милиони), Португалецот Леандро Андраде (2,5 милиони), Азерот Нариман Акунзада (2 милиони), сите офанзивци.

Карабах во второто квалификациско коло лесно го мина ирски Шелбурн со 3-0 на гости и 1-0 дома. Шампионот на Азербејџан гостува утре во Скопје (20 ч), а реваншот се игра на 12 август.

Инаку, Шкендија веќе обезбеди најмалку учество во Групната фаза на Конференциската лига 2025-2026, па дури и да ги изгуби сите понатамошни квалификациски европски мечеви.

Шкендија против Лудогорец или Ференцварош во плејофот на Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот