Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски и ловџиите од Куманово / Фото: Фејсбук

Ловџии од Кумановско ќе „одгледуваат и заштитуваат“ диви животни, министерот им врачи договори

„Заедно со Ловечката федерација на Македонија решивме долгогодишен проблем кој ги засегаше ловците од општина Куманово“, соопшти денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Во просториите на ловечкото друштво „СОКОЛ” тој денеска им ги врачил договорите за времено одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.

„Ова е едно од најстарите ловечки друштва во Македонија кое што слави 100 години постоење. Стотина ловци повторно ќе можат да се грижат за одгледувањето и заштитата на дивечот“, пишува Трипуновски во објава на „Фејсбук“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот