H&M / Фото: EPA-EFE/BAGUS INDAHONO

Лоши резултати на модниот ланец „H&M“, преполовена е добивката на шведската компанија

Шведската компанија за продажба на облека „H&M“ објави скромен раст на приходите во зимскиот квартал, но и драстичен пад на добивката во споредба со лани, нагласувајќи ги попустите и инвестициите во нови модни линии и неповолните валутни движења, пренесува хрватски „Индекс“.

Во периодот од декември до февруари, првиот квартал од фискалната 2025 година, нето приходите на „H&M“ се зголемиле за три отсто, на 55,3 милијарди шведски круни (5,11 милијарди евра).

Нето добивката изнесува 579 милиони круни (53,6 милиони евра) и е приближно половина од истиот период во фискалната 2024 година.

Профитабилноста на „H&M“ беше оштетена од „негативни надворешни фактори“, попусти и инвестиции во нови модни линии, објаснува менаџментот.

Компанијата ги зголемила своите трошоци за маркетинг за поуспешно да се натпреварува со конкурентите „Zara“ и „Shein“, но инвестицијата полека се исплаќа, со анемичен раст на продажбата и послаба профитабилност.

Во март приходите изразени во локална валута пораснале за еден процент, четирипати послабо од истиот месец лани.

Меѓу „надворешните ризици“ за бизнисот, менаџментот ги издвои временските услови, геополитичките настани, странските валути и царините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот