
ФОТО | Лорен Санчез и Кети Пери меѓу членките на женскиот екипаж кој ќе патува во вселената со „Блу ориџин“ на Џеф Безос
Лорен Санчез, 55-годишната свршеница на основачот на Амазон, Џеф Безос, наскоро ќе го оствари својот сон да патува во вселената. Познато е дека Санчез е обучена да лета со хеликоптери, но овој пат ќе се најде во улога на патничка во поинакво летало.
Препорачано

Санчез ќе предводи целосно женски екипаж во мисијата на организацијата „Блу ориџин“, која во 2000 година ја основаше Џеф Безос како американска компанија за вселенска технологија со седиште во Вашингтон.
Лансирањето е планирано за оваа пролет, а Санчез ќе ѝ се придружи на импресивната група жени од различни области!
Меѓу патниците ќе бидат познатата ТВ водителка Гејл Кинг, популарната пејачка Кети Пери, инженерката за воздухопловство Ајша Боу, активистката за граѓански права Аманда Нгујен и филмската продуцентка Керијан Флин.

„Да ми кажеше некој дека еден ден ќе можам да одам во вселената, дефинитивно ќе се насмеев. Не можам да верувам дека ова се случува“, коментира возбудената Санчез.
Точниот датум на лансирање сè уште не е објавен, но се очекува тоа да се случи набрзо.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5