
Локалните избори го одложија изборот на претседател на Советот на јавните обвинители
Локалните избори го одложија изборот на нов претседател на Советот на јавни обвини обвинители. Ова беше едногласна одлука на членовите на Советот на денешната седница која се одржа денеска, еден ден пред истекот на мандатот на досегашната претседателка на Советот, Душица Димитриеска. До изборот на нов претседател на чело на Советот ќе биде заменикот, Башким Бесими.
Препорачано

-Советот на јавните обвинители донесе одлука да се одложи изборот на нов Претседател на Советот на јавните обвинители додека траат локалните избори, така што до изборот на нов претседател на Советот, со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими чиј мандат не е истечен. Под точка разно, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски се осврна на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавнообвинителски кадар, јавнообвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното обвинителство – соопшти Обвинителството.
Според неговата официјална биографија тој е избран за јавен обвинител во 2008 година, и тоа во Вишото јавно обвинителство Гостивар. Потоа, во 2009 година, бил член на Судскиот совет избран на предлог на претседателот од каде заминал во републичкото јавно обвинителство. Од 2024 година е избран за член на Советот на јавни обвинители.