Лојд Остин / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Лојд Остин утре се враќа на работните обврски, американскиот секретар за одбрана се бори со рак на простата

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин беше лекуван под општа анестезија поради проблеми со мочниот меур додека се бори со рак на простата, изјавија неговите лекари денеска, додавајќи дека тој е подготвен наскоро да продолжи со работните обврски.

„Не се очекува продолжен престој во болница. Очекуваме дека секретарот за одбрана на САД од утре да може да ги продолжи своите вообичаени должности. Тековните здравствени проблеми  не се очекува да го променат неговото очекувано целосно закрепнување“, наведоа неговите лекари во соопштението до јавноста.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин бил хоспитализиран на 1 јануари поради постоперативни компликации и уринарна инфекција откако се оперирал од рак на простата во декември, објави Националниот воено медицински центар Волтер Рид. Ракот бил откриен на почетокот на декември, а Остин е опериран на 22 декември.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин е хоспитализиран поради постоперативни компликации од рак на простата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот