Фото: Profimedia

Љубовниот живот на Оноре де Балзак: Го привлекувале богати и постари жени, истовремено имал повеќе љубовници

Обично го започнувал пишувањето облечен во бела калуѓерска облека, на полноќ. За да остане буден пиел огромна количина на кафе, а токму кафето, заедно со неконтролираната глад за храна, го однеле во прерана смрт. 

Францускиот писател Оноре де Балзак, роден на денешен ден во 1799 година, кој зад себе оставил обемен опус, долго живеел во сиромаштија и бил принуден на деноноќно пишување.

Имал периоди кога не спиел повеќе од три часа дневно за што побргу да го заврши романот и да добие хонорар.

Бил со низок раст, а младите девојки не го привлекувале. Многу повеќе го возбудувале возрасни госпоѓи, во зрели години. Бил невин во текот на првите години од своето пишување, а во сексуалниот свет, на 23-годишна возраст го вовела Лора де Берни, 45 годишна госпоѓа која веќе била во брак. И покрај бројните неверства, нивните односи траеле цели 15 години.

Фото: Profimedia

Го привлекувале богати жени во кои веројатно гледал и спас од сопствената сиромаштија. Така почнал врска со богатата војвотка од Абрант која била вдовица. Таа му ги плаќала неговите долгови, била многу привлечна, ама била љубовница и на австрискиот канцелар.

Подоцна се вљубил во Маркиза де Кастри, една од најубавите богаташки во Франција во тоа време. Но таа го одбила бидејќи не можела да ја „свари“ неговата грдотија. Нејзиното одбивање многу тешко му паднало, а долговите пак, се повеќе се зголемувале. Ѝ се осветил на тој начин што ѝ се потсмевал во својот роман Војвотката од Ланже.

Ненадејно, примил писмо од Украина потпишано со „Странец“. Тоа била Евелина Ханска, сопруга на барон. Таа ќе стане негова најголема љубов. Љубовта кон Евелина започнала по пат на пишување писма. Иако не се познавале, Евелина упатила јавно писмо до Балзак исплашена од неговото „застранување“ во романот Шагринска кожа. Преписката продолжила надвор од очите на јавноста и долго време претставувале единствен начин на комуникација. Сепак, имале неколку кратки средби. Инаку, госпоѓа Ханска со својот богат сопруг живеела во Украина. Останале вљубени иако еден на друг си изгледале подебели од што сакале да бидат. Евелина му ветила дека ќе се венча со него кога нејзиниот сопруг, еден ден, ќе почине.

Жена со книга / читање
Фото: Pexels/Tuğba Kobal Yılmaz

Иако бил во сериозна врска со богатата Евелина, Балзак си дозволувал бројни љубовни авантури. Со Мари Лузи, која била 24 години постара од него, имал дете. Имал паралелна врска и со богаташката Лејди Елинборф, како и со Сара Лавел, жена на еден гроф. И Сара му ги плаќала долговите, а му родила и дете.

На Базак не му биле туѓи ни проститутките, понекогаш и две во исто време.

Откако сопругот на Евелина навистина ѝ починал, во 1842 година, вдовицата поради неодлучност ја одложувала свадбата со Балзак. Била трудна од него, но одбила да се венчаат. Тогаш Оноре, во лоша здравствена состојба се преселил кај друга богаташка, Луиз Брињол. Сепак,  не престанувал да ја убедува Евелина да се венчаат, па така во Украина, во март 1850 година, конечно се венчале поради тоа што на Евелина ѝ било жал за него. Свадбата се случила 17 години после нивниот прв контакт.

При враќањето во Париз, Балзак се разболел и починал, само пет месеци откако Евелина Ханска, неговата долга и огромна љубов му станала сопруга.  Во времето на неговата смрт, Евелина спиела во соседната соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!