Фото: Инстаграм/Ники Никол/Ламин Јамал

Љубовен шок во Барселона: Пејачката го изневерила Јамал по само една недела – завршила во прегратки на играч на Реал?!

Барселона повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради фудбал. Младиот фудбалски талент Ламин Јамал (18) ги избриша сите фотографии од Инстаграм на кои се појавува неговата девојка, аргентинската раперка Ники Никол (25). Медиумските објави за нивната разделба дојдоа само една недела откако двајцата официјално ја потврдија својата врска.

На 25 август, Јамал објави емотивна фотографија со Никол по повод нејзиниот роденден – тој ја прегрнува околу струкот додека позираат со торта и насмевки. Тоа беше прв официјален доказ за нивната романса, која веќе подолго време беше предмет на шпекулации. Никол претходно неколкупати беше забележана на настани поврзани со Барселона, па дури и во дресот на Јамал со број 10 на пријателски натпревар на клубот.

Фото: Инстаграм/Ламин Јамал

Но, веќе на 1 септември објавата исчезна. Не само фотографијата од роденденот, туку и сите други траги за нивната врска. Исто така, и на профилот на Никол нема повеќе ниеден запис поврзан со младата ѕвезда на Барса. Странските медиуми шпекулираат дека причина за прекинот е трета личност – 16-годишната надеж на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, со кого Никол наводно започнала нова врска.

Социјалните мрежи веднаш се преполнија со коментари и теории. Додека едни веруваат дека станува збор за нагол прекин, други сметаат дека можеби парот сака да ја заштити својата приватност откако привлекоа огромно медиумско внимание. Засега ниту Јамал ниту Никол не се огласиле.

Да потсетиме, Никол неодамна ја потврди разделбатасо пејачот Песо Плума, што дополнително ја зголеми мистеријата околу нејзиниот љубовен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!