Фото: Приватна архива

Љубов без граници: Дац и Александар свечено им врачија „Љубовни пасоши“ на седум амбасадори во Македонија

На 3 јуни 2025 година, во прекрасна атмосфера во “Трибека Парк“ во Скопје, амбасадори од седум земји од регионот беа дел од уникатен настан што ја спои дипломатијата со уметноста и емоцијата. Под мотото „Љубов без граници“, музичкото дуо Александар и Дац, балканските амбасадори на љубовта и позитивната енергија, свечено им ги врачија Љубовните пасоши на дипломатите присутни на оваа вечер полна со музика, хумор и човечка топлина.

Со почеток во 21:00 часот и со топло добредојде, проследено со музички изведби на популарните македонски артисти, Александар и Дац преку својата уметност пренесоа порака на пријателство, разбирање и заедништво. Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Н.Е. Драган Јаќимовиќ, Амбасадор на Босна и Херцеговина, Н.Е. Нивес Тигањ, амбасадор на Република Хрватска, Н.Е. Жељаско Радуков, амбасадор на Република Бугарија, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадор на Република Србија, Н.Е. Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија и Н.Е. Зоран Миљаниќ, амбасадор на Црна Гора во нашата држава, опкружени со насмевки и аплаузи, ги примија симболичните пасоши – документи без рок на важност, кои отвораат граници преку љубовта.

Фото: Приватна архива

На настанот како специјални гостинки на Александар и Дац настапија популарните женски вокали Маја Гроздановска Панчева, Вера Јанковиќ и Билјана Ѓошева и се демонстрираше дека културата и музиката се најсилната форма на соработка – универзален јазик што ги поместува границите меѓу луѓето и гради мостови на пријателството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот